Нови цени на горивата од полноќ

Bez autora
Dec 27 2022

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 % во однос на одлуката од 19.12.2022 година.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,360 денар/кг и сега ќе изнесува 40,593 денари/кг.

Од 27.12.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 77,00 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 79,50 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 80,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,50 (денари/литар)

„Мазут М-1 НС“ – 40,593 (денари/килограм)

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik